Вељко Ражнатовиќ ретко „излегува“ во јавноста и речиси воопшто не се појавува во преносите, особено што се посвети на боксерската кариера и секојдневните тренинзи.
Меѓутоа, сега направи мал преседан па реши да застане пред камерите и отворено да зборува за сите актуелни теми во неговиот живот.
Потсетуваме, најпознатиот конфликт на балканската јавна сцена е секако децениската караница меѓу Светлана Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша, кои со години се на суд.
Цеца, но и нејзините деца, најчесто мудро молчат за овој конфликт, а овојпат Вељко доби храбро прашање во емисија која ја засега Јелена.
Имено, водителот го прашал младиот Ражнатовиќ која е неговата омилена песна на поп дивата, и што мисли за неа и дали негува некакви „негативни“ емоции.
Вељко накратко одговори дека нема омилена песна на Карлеуша, и дека воопшто не размислува за тоа.
Овој одговор секако крена голема прашина, а веќе е вирален на социјалните мрежи.