На 21 февруари, Абдалкин објави своја фотографија на Телеграм додека слушаше важен говор на Путин
Руската државна новинска агенција РИА Новости на својот канал Телеграм објави дека Михаил Абдалкин, пратеник во регионалната Дума во Самара, е осомничен за „дискредитација на руските вооружени сили“ и ќе му се суди на 7 март.
На 21 февруари, Абдалкин објави своја фотографија на Телеграм додека го слуша главното обраќање за состојбата на нацијата на рускиот претседател Владимир Путин пред Федералното собрание – со шпагети обвиткани преку ушите.
Претставникот на Комунистичката партија го направи овој потег затоа што според руската традиција, закачувањето шпагети на уво симболизира дека личноста е измамена.
Ќе се бориме да ја докажеме мојата неинволвираност и невиност“, изјави Абдалкин, кој веќе беше јавно критикуван од регионалната Дума за споменатиот испад.
Во објавувањето на видеото на „В Контакт“, рускиот еквивалент на Фејсбук, тој напиша дека потпретседателот на парламентот на Самара побарал од него да го гледа говорот.
„Целосно поддржувам, потполно се согласувам, одлична изведба. Не сум слушнал такво нешто 23 години. Пријатно изненаден“, додаде тој со објавата.
Откако ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година, Русија ја интензивираше својата акција против јавното несогласување, наметнувајќи парични и затворски казни за дискредитација на вооружените сили преку изразување негативни ставови.
Инаку, во обраќањето на Путин за состојбата на нацијата на 21 февруари, кое траеше речиси два часа, немаше никакви големи политички најави освен суспендирање на учеството на Русија во најновиот договор за контрола на нуклеарното вооружување со САД, пишува Ројтерс.