Женски азиски слон вратил сандала за бебиња која претходно паднала во заградениот простор во кој живее во зоолошката градина!
Снимката наводно била снимена во зоолошката градина Веихаи во кинеската провинција Шандонг.
Краткото видео не покажува како точно сандалата влегла во куќиштето за животните, но 25-годишниот слон веднаш ја зграпчува со сурлата и му ја враќа на детето.
Не е исклучено тоа да е стандардна процедура во зоолошката градина и слоновите и посетителите да комуницираат меѓу себе на овој начин. Посетителите можат да ги хранат слоновите со сено и други почести во замена за трикови и интересно однесување.
Коментарите на социјалните мрежи продолжуваат да доаѓаат.
– Слоновите заслужуваат подобар живот – вели еден корисник.
– Тие се толку прекрасни! Навистина не ги заслужуваме. Слоновите отсекогаш се однесувале со луѓето подобро отколку што повеќето луѓе се однесувале со нив – додал еден корисник.
– Пуштeте ја сега – продолжи третиот корисник.
Засега не се знае точно кога е направена снимката.
Еден турист, да потсетиме, го снимил моментот на сафари кога стадо слонови се обидело да спаси носорог кој паднал во дупка од глутница гладни лавови!