Видеото со наслов „Ако не сте знаеле, вака се влегува по невеста“ каде маж крши врата стана хит на TikTok и предизвика лавина коментари, а авторот мораше да објави дополнително видео да се разјасни што всушност се случило.
Снимка од свадба во Србија споделена на ТикТок предизвика бурни реакции, а со опис „нема пречка“ се гледа како маж крши врата за да дојде до невестата.
Објавен е без дополнително објаснување и предизвика бројни негативни коментари каде човекот е прогласен за насилник, а прегледан е речиси шест милиони пати.
Меѓутоа, во следниот клип, авторот на видеото реши да разјасни што всушност се случило поради бројните негативни коментари.
„Во видеото, момчето што ја скрши вратата не е младоженецот, туку брат на невестата. Да не ја скршеше вратата, некој дефинитивно ќе мораше, бидејќи сигурно нема невестата или нејзината пријателка да ја влечат вратата“, напиша таа покрај видеото.
Таа ги повика и оние кои коментираат негативно на првата објава, пишувајќи дека сите коментари „покажуваат колку сите сте некултурни и негативни луѓе, кои имаат преголема омраза во вас и не размислуваат што се крие зад видеото“.
На видеото се гледа моментот кога ја заклучиле вратата и сфатиле дека не можат да ја отворат, што на крајот довело до видеото кое „крена прашина“.