Српските медиуми објавија дека легендарната пејачка Беби Дол јаде во народна кујна. Еден од волонтерите, наводно, ја видел неколку пати како јаде таму.
„Многу е слаба и едвај стои на нозе. Ја препознав по косата и специфичниот глас… Изгледаше навистина тажно“, изјавил тој за соседните медиуми. Нејзините пријатели велат дека долго време не ја виделе и дека не се во контакт.
„Загрижени сме за Беби Дол. Семејните проблеми околу болеста на нејзината мајка и тетка оставија длабока трага на неа. Никој веќе некое време не е во контакт со неа… Нејзиниот живот стана многу хаотичен. Што се однесува до нејзиниот брак со Алекс, мислам дека се е во ред. Таа не се жалеше. Како да се збогуваше со музиката. Се надевам дека се ќе се реши и дека повторно ќе биде старата Беби Дол“, изјавиле блиски пријатели на пејачката за српските магазини.
Во меѓувреме до соседните медиуми се јавила и самата Беби Дол, вистинско име Драгана Шариќ, тврдејќи дека волонтерот погрешил.
„Еве ме во моето маало во мојата прекрасна куќа. Немаше да се срамам да бев во народна кујна, не дај Боже, но не бев. Се грижам за моето семејство, ‘мајке ми’, не знам од каде добиваат такво нешто“, изјавила таа за Blic.rs.
Минатата година беше објавено и дека таа имала проблеми со станоиздавачите бидејќи немала пари за кирија, поради што наводно побегнала од станот.
Беби Дол се прослави кога настапи на Евровизија во 1991 година со песната „Бразил“.