Бригадата за специјални намени Азов се врати на фронтот и ги зазеде позициите на истокот на Украина.
„Легендарната бригада за специјална намена Азов е обновена и започна со борбени мисии во областа Серебријанска шума“, изјави Микола Уршалович од Националната гарда на Украина.
Според него, Азов сега има позиции во областа Серебрјанска шума, која се наоѓа северозападно од Лисичанск. Микола Уршалович тврди дека артилериците од Азов веќе ја уништиле минофрлачката екипа и инженерското возило на руските сили.
Азов веќе се пофали со нападот врз руските сили на својот канал на социјалната мрежа Телеграм. На видеото снимено со дрон се гледа возило наводно на руските сили како лета во воздух, но не е познато дали налетал на мина поставена од припадници на Азов или било погодено од артилериски оган.
На почетокот на јули, да потсетиме, пет команданти на Азов се вратија во Украина од домашен притвор во Турција. Договорот за останување во Турција до крајот на непријателствата беше дел од договорот за размена на затвореници од септември 2022 година.
На 22. септември 2022 година, Украина го размени Виктор Медведчук, бизнисмен и политичар близок до Кремљ, и 55 други лица за 215 заробени војници на Вооружените сили на Украина. Меѓу нив имало и 108 борци од Азов.
На почетокот на инвазијата, полкот држеше одбрана во комплексот Азовстал во Мариупол речиси два месеци. Азов се предаде во мај откако ја напуштија фабриката по наредба од Киев.