ВИДЕО | “Ако мојот син ја силува твојата ќерка, тоа не е мој проблем!“ – на социјалните мрежи кружи луда снимка од расправија помеѓу две жени на плажа – погледнете!

Оваа видео-снимка која се појави на Интернет досега собра стотици илјади прегледи и луѓето не престануваат да го коментираат однесувањето на една од жените.

Не дозволувај твојата ќерка да се појавува околу мојот 4-годишен син. Има 13 години. Не сакам таа да се појавува пред мојот син!“, викала една жена од плажата на жена која снимала се и објавила на социјалните мрежи. Шокираната жена под вербален напад се обидела да ја смири ситуацијата: „Но, таа е на плажа и носи соодветен костим за капење“, одговорила мирно жената која снимала, на што била прекорена: „Каква мајка дозволува детето да покаже толку многу“.

Тоа е костим за капење“, рекла мајката на 4-годишното девојче, додека жената одговорила: „Не, тоа е танга“.

Во разговорот потоа се вклучил и пријател на бесната жена кој се обидел да ја смири ситуацијата. Дури и некои од посетителите од плажата и сугерирале на бесната жена дека греши, дека костимот е сосема нормален и дека се на плажа. Сепак, тоа не ја спречило во понатамошни напади, па таа започнала со закани.

Мислиш дека видеото ќе помогне. Не ме знаеш, не знаеш каде живеам. Само ќе им покажеш на сите како изгледа твојата ќерка“, извикала бесната жена и веднаш го добила одговорот: „Снимам за своја безбедност“.

Ќе те нокаутирам. Што ќе правиш тогаш. Дали видеото ќе ти помогне ? Јас имам син, ти немаш. Ако мојот син ја силува твојата ќерка кога ќе порасне, тоа не е мој проблем“, кажала за крај „лудата“ жена.

Нејзиното однесување веднаш го осудија многу корисници на Интернет, а некои шпекулираат дека била под дејство на алкохол…

женаплажа