ВИДЕО | “АКО ЈА ИЗГУБИМЕ ВОЈНАТА, ЌЕ ИСЧЕЗНЕМЕ КАКО НАРОД!“ – во емисијата ‘Гласот на Путин’ за прв пат се спомена пораз, а пропагандистот остана без зборови!

Најпознатиот про-Кремљ и провоен пропагандист на Русија, Владимир Соловјов, повторно повика на сценариото „Армагедон“ во својата ТВ-емисија во која се зборуваше за можните последици од можниот руски пораз во Украина.

Во снимката од неговата вечерна емисија на каналот Russia 1, која на социјалната мрежа Твитер ја објави репортерот на The Daily Beast и аналитичар на настаните во Русија и руските медиуми, Јулија Дејвис, Владимир Соловјов ги слушаше коментарите на својата гостинка, режисерот Карен Шахназаров, кој зборуваше за тоа како војната сега прераснала во прашање за руско уништување.

Карен Шахназаров јавно праша дали рускиот народ целосно го разбира значењето на заканата од исходот на војната и дека овој конфликт е „многу покомплексен и поопасен“ од Втората светска војна, пренесува Newsweek.

Тој исто така тврди дека современото руско општество воопшто не е слично на она што било во 1941 година, кога нацистичка Германија го нападна Советскиот Сојуз, бидејќи немале обединувачка идеологија.

Современите Руси, според него, пораснале конзумирајќи ја американската култура, а тој смета дека во земјата има внатрешни поделби и недостигаат помлади луѓе, што значи дека постарите граѓани служат на првите борбени линии на бојното поле.

Војната е фатална за нас“, рекол Карен Шахназаров додавајќи: „Нашите политички елити треба да го разберат тоа“. 

Треба да почнеме да сфаќаме дека ова не е само специјална воена операција, туку војна. Ако ја изгубиме оваа војна, ќе исчезнеме како некои индијански племиња кои штотуку исчезнаа“, тврди тој во својот говор. 

Карен Шахназаров понатаму посочува дека поразот на московските сили во Украина ќе доведе до пишување книги за како Русија се изгубила себеси и Евроазија.

Пропагандистот Владимир Соловјов потоа се вклучува во дискусијата и вели дека се надева дека – „Украина разбира дека ако изгубиме, ќе го земеме целиот свет со себе“.

Да ве потсетам што кажа врховниот командант: Кому му е потребен светот ако Русија не е во него ?“, нагласил Владимир Соловјов, осврнувајќи се на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин.

Презентерот потоа вели дека Русија треба да го користи своето нуклеарно оружје, да ги укине ограничувањата за тестирање и „убедливо да покаже што има“.

Од почетокот на инвазијата на Владимир Путин, Владимир Соловјов постојано тврдеше дека Русија треба да ги искористи своите нуклеарни капацитети за да ги нападне западните земји кои ја поддржуваат Украина. Минатата недела тој во неговата радио емисија кажа дека – „нуклеарната војна е неизбежна“.

Заканата дека Русија ќе употреби тактичко нуклеарно оружје во војната во Украина, во меѓувреме, се наметна над конфликтот уште од почетокот на минатиот февруари.

Владимир СоловјоввојнаКремљпропагандаРусијаУкраина