Се чини дека актерот Џејми Фокс е на опоравување по мистериозните „здравствени компликации“ во месец април.
Имено, на видеото кое го објави магазинот TMZ, Џејми Фокс се смешка и прави знак на мир додека крстари по реката Чикаго на брод. За викенд излегувањето, 55-годишниот актер се одлучил за целосно црна облека, а со него во бродот имало уште најмалку двајца патници.
Тоа беше, исто така, прв пат Џејми Фокс да биде виден во јавноста по неговата хоспитализација, а тој сè уште не проговорил за неговите здравствени проблеми. Актерот на 12. април заврши во болница, а на социјалните мрежи веста ја објави неговата постара ќерка Корин.