ВИДЕО | АЛБАНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ ПРЕКУ ПРОЗОРЦИ ВЛЕГУВААТ ВО ПАРЛАМЕНТОТ – Невиден хаос во Тирана: Погледнете ги овие скандалозни сцени

Нов скандал изби во понеделникот во албанскиот парламент кога обезбедувањето се обиде да ги спречи суспендираните пратеници да влезат во зградата.

Неколку пратеници на Демократската партија влегоа во парламентот преку прозорец откако претходно жестоко се судрија со обезбедувањето пред главната капија.

Колегите кои биле внатре ги отвориле прозорците на парламентот, по што со помош на столчиња и клима влегле во Собранието.

На видеата се гледа дека во последен момент чуварите успеале да ги спречат двајцата пратеници да влезат преку прозорецот.

Обезбедувањето претходно ја заклучил портата за да ги спречи пратениците од опозицијата кои беа исклучени од седниците да влезат во Собранието.

Осуммина демократски пратеници, да потсетиме, добија суспензија од 10 дена поради физички конфликт со пратеници од социјалистите на претходните седници.

Единствениот кој можеше да влезе во просториите на Собранието беше поранешниот премиер Сали Бериша, кој преку прозорец го опиша настанот како скандал бидејќи пратениците не смеат да влезат во нивните канцеларии.

Албанијаполитика