Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во денешното обраќање до јавноста кажа дека владината Канцеларија за Косово и Метохија „фатила“ документи на ЕУЛЕКС за ситуацијата на северот на Косово, каде што во последните неколку недели беа повредени и уапсени голем број Срби.
Александар Вучиќ тврди дека во документите не се кажува ништо за тоа.
„Знаете ли што во нив пишува ? Ништо. Ни го напишаа тоа што го пишува во четирите членови на т.н. приштински закони и немаат поим за тоа. Ја почитуваа бирократската форма. Навистина не им е гајле за Србите“, вели Александар Вучиќ, а потоа меѓу другото додаде:
„Ги уапсија Спасиќ и Влашковиќ за наводен напад на новинари. Погледнете што прават – Курти создава криминална ситуација во која ги малтретира сите граѓани од српска националност. Мислев дека тоа го прави сам, сега знам дека има поддршка од одредени западни земји. Носи некои безвезњаковиќи кои немаат легитимитет. Тој се осмели да му каже на омилениот новинар на Албин Курти да го остави телефонот, тој не го ни пипна. Затоа е уапсен и задржан во притвор“, кажува Александар Вучиќ продолжува:
„И тогаш ни велат да не се мешаме, ЕУЛЕКС прати што се случува. Што следите лажговци. Само сакате да видите како да ги избркате Србите“, грмеше на говорницата Александар Вучиќ.
Во своето обраќање тој потсети на последните настани на северот на Косово.
„Вчера братот и сестрата Дара и Кристијан беа нападнати во село Житковац, општина Звечан од т.н. косовска полиција. Тие го удираа Кристијан по телото, го соборија на земја, го држеа во клекната положба и ја влечеа Дара по земја. Кога дојде нивната мајка Марија, со која разговарав утрово и која беше во солзи, го затекна синот како го држат на колена на земја. Ќерката била боса, а од стрес неколку пати колабирала. Таканаречените полицајци кажале дека ги запираат сите со кациги и капи – децата биле на возраст од 15 до 17 години, возеле четирицикли, а мислеле дека се сериозни терористи. Тие решија да се занимаваат со овие деца, исто како во филмовите. Имаат и помал брат, можете да замислите под кој стрес е семејството“, изјавил Александар Вучиќ.
По повод неодамнешното апсење на Милун Миленковиќ Луне на северот на Косово, Александар Вучиќ се налути на косовскиот премиер Албин Курти и министерот за внатрешни работи Џелал Свецла, кои изјавија дека тој е „криминалец“.
„Криминалец е татко ти. И тебе Курти и тебе Свецла. Срам да ви е“, налутено кажа Александар Вучиќ.
„Што се однесува до нашите одлуки, ние самите ќе ги донесеме, нема да се консултираме со никого. Ќе го почитуваме само тоа што му го ветив на НАТО. Што се однесува до дијалогот, тој е целосно бесмислен. Додека не научат да разговараат, сами нека разговараат“, заклучува тој.