Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави ново хумористично видео на социјалната мрежа Тик Ток кое за многу кратко време стана вистински хит во регионот.
Имено, на видеото се гледаат Александар Вучиќ и момчето Далибор Голубовиќ, кое мајсторски одлично го имитира претседателот на Србија, но е и совршен негов „двојник“.
„Убаво ви кажав ништо да не потпишувате“, му рекол Александар Вучиќ во еден момент на својот „двојник“, кој одлично го имитира, Далибор Голубовиќ.