Претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ, денес во Скопје се сретна со познатиот македонски кошаркар Перо Антиќ.
Видеото од средбата со Перо Антиќ, Александар Вучиќ го сподели на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
„Со српската и македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ. Перо ми подари патики ‘Србија 1‘. Инаку, двајцата сме горди на српските кошаркари и го чекаме златото од Париз“, напиша претседателот на Србија на Инстаграм.