ВИДЕО | АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ СИ СОЗДАВА СВОЈ ХОЛИВУД – И Џони Деп дел од неговата изборна кампања: Како претседател на држава стана најголема ѕвезда на Тик-Ток во регионот !?

Како што се приближуваат изборите во соседна Србија, Александар Вучиќ сè пожестоко ја продолжува кампањата на социјалната мрежа Тик Ток. Не бега од ништо, па во кампањата користи светски ѕвезди, а сега на ред дојде и познатиот Џони Деп.

Во видеото објавено на Тик Ток, Александар Вучиќ објаснува како Џек Спароу го донел Џони Деп во Белград. Во еден момент популарниот филмски лик сфаќа дека му недостига златник, а потоа му текнува дека е во Србија. Тогаш е прикажан моментот во кој Александар Вучиќ му дава награда на Џони Деп за исклучителен придонес во српската уметност.

Иако некои сметаат дека видеата на претседателот на Србија со еден збор се срамни, гледаноста само се намалува, а има и такви кои уживаат во неговата кампања.

Братот создава свој Холивуд“, гласеше еден од коментарите на објавата, а друг додаде:„Креативноста на братот е на сосема друго ниво“.

Александар Вучиќ претходно објави видео во кое ги прашува следбениците на Тик Ток дали знаат дека Лорд Волдеморт, измислен лик од серијата романи за Хари Потер, е Србин. Имено, актерот Ралф Фајнс, кој го отелотвори Лорд Волдеморт,, во 2017 година доби српско државјанство од премиерката Ана Брнабиќ во знак на благодарност за снимањето на филмот „Koriolan“ во таа земја.

Александар ВучиќполитикаСрбијаТик Ток