Видео | Американец под своето поле со пченка нашол 800 златници, проценети на милиони долари

Човек од американската сојузна држава Кентаки стана милионер преку ноќ, откако на своето поле со пченка пронашол ретки златни монети од времето на американската Граѓанска војна (1861 – 65), за коишто се проценува дека вредат милиони долари.

Тој ископал повеќе од 800 кованици што датираат од 1840 до 1863 година. Видеоснимка од откритието објави „Говминт“ (GovMint), куќа специјализирана за продажба на монети.

„Најневеројатното откритие околу ова закопано богатство е во 18-те златни парички од 20 долари од 1863 година. Ова е монета што честопати достигнува шест цифри на наддавањата“, се наведува во написот.

Се претпоставува дека паричките можеби биле закопани како по декларацијата за неутралност на Кентаки во Граѓанската војна.