Новинарката од Денвер, Кети Винг, сподели видео на социјалните мрежи во кое ја слави „магичната“ тројка на Никола Јокиќ за победа над Голден Стејт Вориорс.
Да потсетиме, по нереален пресврт, Денвер Нагетс на гости го совлада Голден Стејт Вориорс со 130:127, а херој на победата беше Никола Јокиќ, кој постигна тројка со звукот на сирената за триумф на тимот од Колорадо.
Кети Винг во последниот напад претчувствуваше чудо, па решила да ја вклучи камерата на мобилниот телефон и да ја сними нејзината реакција, а видеото кое го сними предизвика возбуда на социјалните мрежи.
„Се снимав себеси додека го гледав финишот од натпреварот, затоа што си помислив – зошто да не, кој знае! Сега е 2024 година и она што го научив е дека не знам што да правам со рацете и дека Никола Јокиќ е од друга планета“, напиша таа во објава на социјалната мрежа Х (Твитер).
Погледнете ја нејзината урнебесна реакција на тројката на Никола Јокиќ!