Цел Денвер слави за шампионската титула, но браќата на Никола Јокиќ се убедливо најгласни!
Додека Никола Јокиќ заедно со ќерката Огњена и сопругата Наталија славеа со трофејот, браќата Страхиња и Немања правеа хаос во соблекувалната на Денвер Нагетс и се вистинска атракција на социјалните мрежи! Србите ја превземале улогата на диџеј односно биле задолжени за музиката, па српските хитови одекнувале низ соблекувалната!
Додека таткото на кошаркарот Џамал Мареј позирал со пехарот, во позадина се слушале хитови од Синан Сакиќ, а тренерот Мајкл Мелоун, кој веќе ја прослави титулата со браќата на својот најдобар играч, „полудел“ кога го слушнал Аца Лукас! Тој се вклучил во играњето и славењето и започнал да танцува со Страхиња и Немања на песната „Нешто против болката“ од Аца Лукас. Погледнете како сето тоа изгледало и уживајте:
Никола Јокиќ подоцна прославата ја „преместил“ во ноќен клуб во Денвер каде биле забележани со неколку убавици како со српска музика и алкохол го слават големиот успех на својот најмлад брат, но најголемото шоу се случило во соблекувалната пред заминување од салата.
Мега-хитот од Ана Николиќ се слушал и додека ја славеле титулата во и онака празната соблекувална, а бројни српски хитови поради нив ќе завршат во програмите и прилозите на американските ТВ. Слушајте и гледајте:
Со сето тоа Страхиња и Немања не ги соблекоа српските дресови додека играа и славеа. Што би рекол Никола Јокиќ на прес-конференцијата по победата: „Убаво е да си Србин!“.