Британскиот крал Чарлс Трети и францускиот претседател Емануел Макрон разговараа за климатските промени и односите меѓу Велика Британија и Франција на вториот ден од посетата на кралот на Париз.
Сепак, нивните сопруги, кралицата Камила и првата дама Брижит Макрон, се одлучија за нешто позабавни активности.
Двете дами го посетија кампусот Ле 19М и таму можеа да видат како изгледа разбојот за ткаење, па кралицата Камила се обиде да ткае.
Покрај тоа, тие го посетија и спортскиот дел, а откако ги гледаа младите како играат пинг-понг, и самите се обидоа.
Англиската кралица имаше мали потешкотии со сервирањето, а нејзината ривалка и првата дама на Франција без проблем ѝ ја враќаше секоја топка на Камила.