Помал астероид удри во Земјата помеѓу сабота и недела, а нереалната сцена на небото ја снимија граѓаните на Берлин .
Околу 90 минути пред ударот, НАСА објави дека помал астероид ќе удри во земјата.
Ударот се случил западно од Берлин, Германија, а како што се наведува, астероидот бил со дијаметар од околу еден метар и не претставувал опасност за луѓето.
Можно е наоколу да паднале помали метеорити.
Во текот на ноќта граѓаните на социјалните мрежи објавија видеа на кои се гледа моментот на ударот.