Полска утринава испрати дополнителни сили на својата источна граница откако ја обвини Белорусија, најблискиот сојузник на Русија, дека го нарушува нејзиниот воздушен простор со воени хеликоптери.
Армијата на Белорусија негираше какво било злосторство и ја обвини Полска, членка на НАТО и еден од најверните поддржувачи на Украина во војната со Русија, дека го измислила обвинението за да го оправда зголемувањето на своите војници на граничниот премин.
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, претходно ја исмејуваше Полска за присуството на платениците на групата Вагнер во близина на нивната заедничка граница, а токму поради тоа, Министерството за одбрана на Полска соопшти дека испраќа дополнителни сили и ресурси, вклучително и борбени хеликоптери.
Властите во Полска наведуваат дека го информирале НАТО за прекршувањето на границата и дека белорускиот дипломат бил поканет да го објасни инцидентот. Армијата на Полска првично негираше дека имало прекршување на границата, но, сепак, по дополнителни консултации, тие потврдија дека упадот се случил на многу мала надморска височина, тешко за пресретнување со радар.
Министерството за одбрана на Белорусија во објава на социјалната мрежа Телеграм вели дека – „Варшава се предомислила за инцидентот по консултација со своите господари во странство“.
Луѓето кои живеат околу селото Бјаловиежа во источна Полска, во близина на границата со Белорусија, се огласија на социјалните мрежи за да зборуваат за инцидентот пред Министерството за одбрана на Полска да издаде сопствено соопштение. Патем, Белорусија му дозволи на рускиот претседател Владимир Путин да ја искористи нејзината територија за да започне војна со Украина, но Александар Лукашенко не ги „вклучи“ сопствените сили во војната.
Белорусија има долга историја на непријателство со Полска, како и Русија. Минатата недела Владимир Путин ја обвини Полска дека има територијални амбиции кон Белорусија и најави дека секој напад врз својот сосед ќе го смета за напад врз себе.