ВИДЕО | Баерн Минхен до врв ја наполни мрежата на најголемиот ривал: Хари Кејн со хет-трик ја уништи Борусија Дортмунд

Во најголемото дерби на германскиот фудбал, Баерн Минхен уште еднаш и одзеде бодови на Борусија Дортмунд победувајќи ја на домашен терен со 4:0, а Хари Кејн дебитираше на „Сигнал Идуна Парк“ со три гола во дресот на Баварците.

Гостите веќе по девет минути игра имаа два гола предност. Најпрво во 4. минута Дајот Упамекано погоди со глава за 1:0, по центаршутот на Лерој Сане од корнер, а потоа во 9. минута Хари Кејн го комплетираше контранападот за 2:0 и втората асистенција на Лерој Сане. Капитенот на англиската репрезентација ја запечати победата на Баерн Минхен во 72. минута со својот втор гол за 3:0, а во третата минута од судиското надополнување го постигна третиот гол за конечни 4:0.

Избраниците на Томас Тухел покажаа дека брзо се опоравиле од шокантниот пораз во Купот на Германија против третолигашот Сарбрикен.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ГОЛОВИТЕ НА ХАРИ КЕЈН ТУКА

Баерн Минхен и по десеттото коло остана два бода зад лидерот Баер Леверкузен кој има 28 бодови, додека Борусија Дортмунд остана на четвртата позиција со 21 бод, исто толку бодови како и третопласираниот Штутгарт со натпревар помалку.

Фудбалерите на Баер Леверкузен во саботата со 3:2 славеа на гостувањето кај Хофенхајм, а Лајпциг доживеа нов кикс на гостувањето во Мајнц, каде домаќинот славеше со 2:0 и ја оствари првата победа во новата сезона.

Баерн МинхенБорусија ДортмундБундеслигафудбал