По ремито помеѓу Бразил и Венецуела (1:1) во рамките на квалификациите за Светското првенство во 2026 година, навивачите на Бразил го изразија своето незадоволство.
Малкумина очекуваа дека Венецуела ќе им пружи толку силен отпор на „Кариоките“ и ќе стигне до вреден бод пред 44.000 жестоки навивачи на Бразил.
Домаќините успеаја да поведат преку Габриел во 50. минута, а во 85. минута Бела го израмни резултатот и стави точка на овој натпревар.
Навивачите на Бразил беа бесни по натпреварот, а Нејмар лично го осети гневот на публиката.
Имено, Нејмар беше удрен во глава од навивач, за среќа, не со тврд предмет.
Бразилецот се налутил и веднаш почнал да се расправа со навивачите, но соиграчите успеале да го смират и да го однесат во соблекувалната, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.