Жена од Кина била фатена односно видена на надзорните камери во болница како го тепа роботот со голема палка, бидејќи роботите овие денови се повеќе ги заменуваат луѓето.
Во Кина, на пример, некои болници ги заменија традиционалните човечки рецепционери со роботски колеги.
Иако ова очигледно има свои предности, може да се покаже и проблематично – за што сведочи неодамнешниот инцидент во кој една жена, навидум фрустрирана од една од овие машини, го скрши роботот со голема дрвена палка пред сите останати во фоајето.
Бизарен случај на бес кон роботи се случи во здружената болница на Медицинскиот универзитет Ксужоу во градот Ксужоу на 23. април, а видеото набрзо стана вирално на Интернет.
Според локалните извештаи, жената боледува од некаква ментална болест и безбедносниот оддел на болницата бил принуден да повика полиција на местото на настанот.