ВИДЕО | БИЗАРНА ПРИКАЗНА – Брачен пар посвоил ‘девојче’ од Украина, а потоа животот им се претворил во вистински пекол: “Таа сакаше да не убие!“

Во 2010 година, Мајкл и Кристин Барнет посвоиле мало девојче од Украина кое било сираче, а тогаш тие немале поим дека се работи за измама.

Наталија Грејс наводно имала шест години во тоа време, но нејзините нови родители набрзо почувствувале дека нешто не е во ред. Оваа девојка која се претставила како дете испаднало дека имала лоша намера.

Семејството Барнет тврди дека Наталија се обидувала да им наштети на нив и на нивните биолошки деца. Таа била обвинета дека се обидела да ја отруе Кристина ставајќи и белило во кафето и дека еднаш се обидела да ја удри и усмрти со струја.

Наталија Барнет

Токму тоа што ни се случи, а за ова е снимен и филмот „Сираче“, нацрта слики велејќи дека сака да ги убие членовите на семејството… Ја наоѓавме како стои до нас среде ноќ, не можевме да спиеме, моравме да криеме остри предмети. Видов како ми става белило или слични хемикалии во кафето. Кога ја прашав што прави, ми кажа дека се обидува да ме отруе. Медиумите ме оцрнуваат како насилник на деца, но тука не се работи за детето. Наталија е жена, има менструација, возрасни заби, никогаш не порасна ни два сантиметри, што се случува и со џуџестите деца“, изјавила Кристин Барнет во емисијата „Dr. Phil“.

Откако сфатиле што се случува, парот „побегнал“, оставајќи ја Наталија во својот стан. Тие и кажале дека не одат во Канада за да ја остават, туку за школување на едно од нивните деца.

Семејството Барнет, исто така, тврди дека веќе ја подложиле на скенирање на коските, каде што дознале дека е родена во 1989 година.

сцени од емисијата „Dr. Phil

Мајкл рекол и дека докторите ја прегледале Наталија Грејс и дека рекле дека е социопат кој е голема опасност за нивното семејство. Две години по нејзиното посвојување, Барнети поднеле петиција за промена на годината на раѓање од 2003 на 1989 година. Сепак, парот потоа бил обвинет пред судот за напуштање на детето, а тие си заминале од судот прогласени за невини.

Сакав да бидам со Барнети. Сакав да живеам со нив“, кажала Наталија, која се уште тврди дека била дете кога ја посвоиле. Уште еден Американец продолжил да се грижи за неа по инцидентот, а во моментов се емитува документарен филм со наслов „Чудесниот случај на Натали Грејс“ кој ја испитува целата вистина.

измамародиелиСАДУкраина