ВИДЕО | БИТКА ЗА ТИТУЛАТА – Арсенал со победа дојде на бод до Манчестер Сити: Погледнете го голот на капитенот на ‘топџиите’ и автоголот на домашниот стопер

Возбудлив натпревар од 35. коло во англиската Премиер лига одиграа Њукасл и Арсенал, а клубот од Лондон победи со резлутат од 2:0.

Гостите поведоа веќе во 14. минута кога Норвежанецот Мартин Одегард шутираше многу прецизно од 25 метри и погоди за 1:0.

ГОЛОТ НА МАРТИН ОДЕГАРД ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

После тоа и до крајот на натпреварот двете екипи создадоа бројни прилики. Во првото полувреме најдобрата шанса ја имаше стрелецот Мартин Одегард, но неговиот удар од непосредна близина беше одлично сопрен од домашниот голман Поуп.

Веднаш на стартот на вториот дел се тресеше рамката на голот на двете страни од теренот. Најпрво по удар со глава Исак ја погоди стативата на Арсенал, а потоа рамката од другата страна го спаси Њукасл.

Натпреварот беше решен во 71. минута кога Мартинели слезе по левата страна и упати брза топка пред домашниот гол. Таа го победи играчот на Њукасл Шаер и се втурна во мрежата и ги постави конечните 2:0.

АВТОГОЛОТ НА ШАЕР ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Со оваа победа, Арсенал се доближи на еден бод зад лидерот Манчестер Сити, а Арсенал имаше натпревар помалку. Њукасл остана трет, но му се заканува Манчестер Јунајтед кој има два бода помалку. Њукасл го забележа само вториот пораз на домашен терен во Премиер лигата оваа сезона.

АрсеналЊукаслПремиер лигафудбал