ВИДЕО | БОЛЕН УДАР ЗА АРМИЈАТА НА ВЛАДИМИР ПУТИН – Украинците се пофалија: “Погодивме во голем руски воен брод, тој повеќе не може да плови!“ – погледнете ги снимките

Украинската разузнавачка служба тврди дека во напад со поморски дронови врз руската Црноморска флота во базата Новоросијск, тие го онеспособиле големиот руски воен брод „Оленегорск Горњак“. 

Станува збор за брод од класата 775 на проектот Ropusha, кој е изграден уште во времето на Советскиот Сојуз. Бродот е долг 112,5 метри и има поместување од 4.000 тони.

На социјалните мрежи се појави и видео на кое се гледа како бродот силно се наведнува на едната страна – иако автентичноста на видеото се уште не е официјално потврдена.

Русите претходно тврдеа дека спречиле украински напад врз поморска база.

бродвојнаРусијаУкраина