Фудбалерите на Милан го победија Лацио со резлутат од 2:0 на „Сан Сиро“ во првиот натпревар од 34. коло во италијанската Серија А.
Исмаел Бенасер во 17. минута ги доведе домашните во водство, а во 29. минута Тео Ернандез го удвои водството на Милан и ги постави конечните 2:0.
За тој гол допрва ќе се зборува многу. Имено, Тео Ернандез ја прими топката на дваесетина метри од сопствениот гол и се залета по левата страна, а потоа се доближи до голот на Лацио и ја погоди целта.
ГОЛОТ НА ТЕО ЕРНАНДЕЗ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
Милан со 17-та победа сезонава стигна до 61 бод и скокна на четвртото место. Интер заостанува бод зад Милан, но има натпревар помалку. Пред Милан се новиот шампион Наполи со 80 бодови, Лацио со 64 и Јувентус со 63.