ИАКО е бремена во два тримесечја, Хедер Мохорн го освои второто место во возрасната група од 35 до 39 години на Summer Nationals во САД. Мохорн е бремена со четвртото дете, а на сите трудници им препорачува пливање како форма на рекреација.
Истражувањето спроведено на Универзитетот во Вермонт покажало дека жените кои биле активни за време на бременоста полесно се пораѓале, побрзо ја враќале старата тежина, подобро спиеле и помалку страдале од постпородилна депресија. Воден аеробик и пливање се идеални вежби за трудници.
Сепак, иако има придобивки од рекреацијата за време на бременоста, прво консултирајте се со вашиот гинеколог и општ лекар за да добиете дозвола да изведувате какви било вежби.