Фудбалерите на Манчестер Сити лесно и убедливо остварија нова победа во англиската Премиер лига, на својот „Етихад“ во 11. коло го совладаа Борнмаут со 6:1.
Играч на натпреварот беше белгискиот фудбалер Џереми Доку, кој го постигна првиот гол на натпреварот во 30. минута, по што следеа три негови асистенции. Тој додаде до Бернардо Силва во 33. минута, Аканџи во 37. минута и Фоден во 64. минута за големите 4:0.
До крајот Синистера го постигна почесниот гол за гостите, а Џереми Доку асистираше уште еднаш, а Бернардо Силва и Аке вторпат за домаќините. Привремено Манчестер Сити уште еднаш седна на врвот на табелата.
Погледнете ги сите голови од натпреварот ТУКА.