Британскиот тенисер Џек Дрејпер повраќаше за време на полуфиналниот натпревар на УС Опен против Италијанецот Јаник Синер.
Во еден момент, Дрејпер сфати дека мора да се исповраќа на централниот терен во Њујорк.
Тој не издржа да оди на клупата, па непријатната содржина на неговиот стомак заврши на тврдата подлога на стадионот.
Во текот на мечот неколку пати повраќаше и земаше кислород во паузите меѓу гемовите, а на крајот од мечот објасни зошто го направил тоа.
„Денес беше исклучително влажно. Цела недела не беше како денес. Очигледно е дека натпреварот беше тежок. Затоа Јаник е број еден во светот бидејќи кога играте со врвни играчи, интензитетот е различен. Тоа е чекор погоре. Генерално сум опуштен, но денес се чувствував повозбудено од вообичаено. Малку сум вознемирен. Кога сето тоа ќе се земе предвид, чувствувам мачнина на теренот”, изјави Дрејпер по натпреварот.
„Не се чувствував подобро, вие се чувствувате полошо и полошо затоа што не можете да внесете ништо во вашето тело. Кога играте долги натпревари, мора да можете да пиете и да јадете, за вашето тело да има залихи. Кога се чувствувате болен, не можете да јадете и тоа е најлошото чувство. Не можеш да се движиш на теренот.
Инаку, Синер го победи Дрејпер со резултат 3:0 и се пласираше во финалето на последниот Грен слем во сезоната.