Претседателот на Русија, Владимир Путин, во Кремљ се сретна со претседателот на Јужен Судан, Салва Киир, кој е во официјална посета на Москва.
Салва Киир пристигна во Кремљ облечен во црна капа и бастун, а камерите го фатија како се мачи да ја стави слушалката за превод пред новинарите да почнат да поставуваат прашања.
„Вака, господине претседателе“, му кажа Владимир Путин на гостинот и му покажа како се поставува слушалката.
Салва Киир, сепак, потоа ја фрли слушалката на подот, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.
Владимир Путин сепак гестикулираше и се обиде да му помогне, но не успеа, а потоа ги повика членовите на протоколот да му помогнат на претседателот на Јужен Судан.
За време на разговорот, Владимир Путин го потсети гостинот дека веќе бил во Русија во 2019 година на првиот Самит Русија-Африка во Сочи и дека го претставувал и Јужен Судан во Санкт Петербург на вториот Самит Русија-Африка одржан минатото лето.
„Моето доаѓање е првиот чекор на долгиот пат на нашата заедничка работа во иднина. Ќе работиме заедно со Руската Федерација. Затоа дојдов“, одговори претседателот на Јужен Судан.
Салва Киир на крајот на минатата година доживеа голем срам пред камерите кога се збрка при отворањето на новиот пат во Јужен Судан.