Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ ги налути Србите поради тоа што нема да игра за репрезентацијата на претстојното Светско првенство во кошарка.
Никола Јокиќ во понеделникот наутро и официјално му соопшти на селекторот на Србија, Светислав Пешиќ, дека не може да ја прифати поканата бидејќи физички и психички не е подготвен да ја преземе одговорноста што се очекува од него.
По исклучително напорната и успешна сезона, тој реши да одмори и максимално да ги оттргне мислите од кошарката и да се врати во својот роден Сомбор, а неговата одлука ги разочара и растажи навивачите во Србија.
Никола Јокиќ минатиот викенд приреди голема прослава поради големите резултати што ги постигнаа неговите коњи на трките.
Според видеата кои кружат на социјалните мрежи, може да се види дека Никола Јокиќ бил одлично расположен, со другарите се забавувал на познатите српски фолк хитови, а во еден момент и самиот се фатил за микрофонот и ги покажал своите вокални способности.
Никола Јокиќ се соблекол гол до појас и ја отпеа песната на Драгослава Генчиќ. Погледнете како тоа изгледало во видеото подолу: