ВИДЕО | ВИКТОР ОРБАН Е СПРЕМЕН ДА ЗАПОЧНЕ НОВА ВОЈНА ВО ЕВРОПА !? Премиерот на Унгарија во елемент: “Ако некој го нападне ‘Јужен тек’, Унгарија и Србија тоа ќе го сметаат за…“

Унгарија веднаш ја оквалификуваше саботажата на гасоводот ‘Северен тек’ како терористички чин, а немањето силна реакција од страна на Германија е манифестација на недостаток на суверенитет“, изјави премиерот на оваа земја, Виктор Орбан.

По саботажата на ‘Северен тек‘, Унгарија и Србија ја предупредија меѓународната заедница дека секоја закана за системот за снабдување со гас од Руската Федерација ќе ја разгледаат како casus belli“, вели Виктор Орбан во интервју за американскиот новинар Такер Карлсон објавено на социјалната мрежа Х (Твитер).

casus belli од латински јазик во превод значи причина за започнување на војна.

Српските медиуми ги пренесуваат зборовите на Виктор Орбан кој вели дека Будимпешта веднаш јасно ставила до знаење дека постои уште еден гасовод – не „Северен тек“, туку „Јужен тек“, преку кој гасот се испорачува од Русија по јужниот коридор до Турција, Бугарија, Србија, Унгарија.

@revokefarleft

Ep. 20 Hungary shares a border with Ukraine. We traveled to Budapest to speak with the country’s prime minister, Viktor Orbán. #news #revokefarleft #usa🇺🇸 #tuckercarlson #carlson #ukraine🇺🇦 #hungary #hungary🇭🇺 #orbanviktor #orban

♬ original sound – Revoke Far-Left

Заедно со претседателот на Србија напоменавме дека ако некој сака да го направи истото со јужниот коридор како што беше направено со северниот, тогаш тоа ќе го сметаме за причина за војна и за терористички напад и веднаш ќе одговориме“, изјави унгарскиот премиер.

Соседните медиуми пренесуваат дека Виктор Орбан повикал на откажување од ваквите планови, без да открие на кого точно се мисли, но наведува дека тоа не е Руската Федерација.

Можеби тоа го можете со Германците, но не можете со овој регион“, нагласува Виктор Орбан.

Според него, сè беше во ред пред воведувањето санкции против Русија и поткопувањето на „Северен тек“, тој истакнал и дека Будимпешта сега бара нови рути за снабдување со гас, пред сè, во овој поглед, „Турски тек“, преку кој руски гас ќе се извезува во Европа и Унгарија.

Виктор ОрбанвојнаЈужен текРусијаСеверен текСрбијаУкраинаУнгарија