Овонеделната најава дека Џорџ Сорос ќе му ја предаде контролата на својата филантропска империја на својот 37-годишен син Александар, предизвика вистинска бура во Унгарија.
Џорџ Сорос е наведен како персона нон грата меѓу медиумите настроени кон Виктор Орбан – иако тој е милијардер со унгарско потекло. Унгарската влада го обвинува дека сака да ја „преплави Европа со мигранти“ поради иницијативата на Џорџ Сорос често да донира пари на невладини организации кои се залагаат за политика на отворени врати.
„Владата го направи Џорџ Сорос еден вид аксиоматичен непријател, кој е обвинет за сè, од високата инфлација до изолацијата на Унгарија во надворешната политика“, вели Петер Крек, извршен директор на Институтот „Political Capital“
Виктор Орбан беше еден од првите што ја коментираше веста дека Џорџ Сорос му ја предал контролата на синот Александар. Тој на социјалната мрежа Твитер објави сцена од филмот „Кум“ на која се гледа како мафијашкиот бос го бакнува неговиот син. Тој исто така во описот напиша: „Сорос 2.0“
Во неговото неделно интервју за државното радио во петокот, Виктор Орбан отиде дотаму што го обвини Александар Сорос за договорот што министрите за внатрешни работи на Европската унија го постигнаа претходно овој месец за преселување на бегалците во блокот.
„Договорот со ЕУ е постигнат затоа што Џорџ Сорос му го предаде раководството на својата империја на својот син, кој диктира уште погрубо темпо од него“, изјавил Виктор Орбан, а потоа во ‘паника’ рекол: „Ќе поттикнат мигранти во Европа!“. Тогаш провладините медиуми на Виктор Орбан тргнаа во акција инсинуирајќи дека Александар Сорос е геј. Истите медиуми тврдеа дека Александар Сорос бил забележан и на „безобразната“ Парада на гордоста во Будимпешта – додека користел фотографии на друго лице.
Медиумите пријателски настроени кон владејачката партија Фидес на Виктор Орбан, исто така, ги засилија своите напади врз семејството Сорос.