ВИДЕО | ВИМБЛДОН ОСТРО ГО КАЗНИ НОВАК ЃОКОВИЌ – Еве зошто и колку треба да плати Србинот

Челниците на Вимблдон го казнија Новак Ѓоковиќ со 7.000 евра затоа што со рекетот ја погоди стативата од мрежата за време на финалето против Карлос Алкараз.

На крајот од натпреварот, по неколкуте кардинални грешки, Новак Ѓоковиќ беше толку лут што го „удри“ рекетот од стативата на патот кон клупата. Од силината на ударот рекетот се распарчи, а подоцна Новак Ѓоковиќ му го подарил на еден обожавател.

Организаторите ја оправдаа казната со „злоупотреба на рекет“.

ВимблдонказнаНовак Ѓоковиќ