На социјалните мрежи се појави драматично видео, а на него се гледа како работник се качува на кулата Далмација, највисоката зграда во Хрватска, која се наоѓа во Сплит.
Овој облакодер е висок 135 метри (115 метри без антена) и има 27 ката.
Не се знае каква задача има овој работник, а многу е можно да треба да направи некои поправки или да го измие прозорецот.
Во секој случај, глетката е навистина застрашувачка.