ВИДЕО | ‘ВИСТИНСКА РОМАНСА!’ – Мистериозната сопруга на Никола Јокиќ – тие се сакаат лудо, а поради неа тој за малку ќе се откажал од кошарката – ова е нејзината неверојатна приказна!

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ги предводеше Денвер Нагетс до нивната прва титула во НБА лигата со својот најголем поддржувач, неговата сопруга Наталија.

Српската суперѕвезда, кој беше прогласен за најдобар играч на финалето сподели сладок момент по натпреварот со својата сопруга, која е пониска за 40 сантиметри од него, и нивната едногодишна ќерка Огњена.

Семејството се фотографираше со трофеите, кои Огњена разиграно ги користеше како тапани и тапкаше по врвот на секој трофеј.

Петкратниот учесник на Ол-Стар (All-Star) натпреварите, шампион во НБА лигата, постојан МВП на сезоната и МВП на финалето носи венчален прстен на врвките од неговите кошаркарски патики на секој натпревар. 28-годишниот српски центар вели дека ја украл идејата од поранешен соиграч во родната Србија и дека тоа го прави за да го задржи семејството блиску до него додека е на теренот, пишува NY Post.

Иако Никола Јокиќ држи низок профил надвор од теренот, Наталија често споделува семејни фотографии на својот Инстаграм профил, кој има повеќе од 29.000 следбеници. Таа е негова љубов уште од средношколските денови.

Вонсезоната двојката обично ја поминува во родниот град Сомбор, Србија, пишува Denver Post, кој наведува дека Никола Јокиќ е многу заштитнички настроен кон својот приватен живот и се труди секој слободен момент да го помине дома.

Интересно, кога Никола Јокиќ ја освои својата втора последователна награда за МВП во мај 2022 година, тренерот на Денвер НагетсМајкл Мелоун и дел од персоналот го изненадија Никола Јокиќ и му го врачија трофејот во Сомбор.

Тим Брас приреди изненадување со помош на Наталија, а Никола Јокиќ ја доби наградата во шталата во Сомбор.

По завршувањето на средното училиште, Наталија Јокиќ заминала да студира надвор од Србија, а Никола Јокиќ дури размислувал да се откаже од кошарката поради тоа. Таа заминала да игра одбојка на државниот колеџ „Семинол“ во Оклахома во 2013 година, додека Никола Јокиќ сè уште играл кошарка во Србија.

Кога Никола Јокиќ потпиша со Денвер Нагетс во 2015 година, таа се откажала од одбојкарската кариера и се преселила кај него, продолжувајќи ги студиите на Универзитетот во Денвер. Дипломирала психологија во 2018 година.

Интересно е што парот во 2017 година живеел со двајцата постари браќа на Никола ЈокиќНемања и Страхиња, во трисобен стан во Денвер, пишува Bleacher Report. Откриено е и дека на семеен собир Никола ја научил Наталија како да изневерува. Имено, тие играле карти, а тој ја „учил“ затоа што неговите браќа „секогаш мамат“ за време на играта.

Наталија понекогаш го придружува Никола Јокиќ и на натпреварите надвор од Денвер.

Никола и Наталија се венчаа во родниот Сомбор, Србија, на 24. октомври 2020 година. Свадбата првично била закажана за јуни 2020 година, но била одложена откако НБА ја пресели својата сезона на Флорида за време на пандемијата со вирусот Ковид-19. Средношколските сакани кои се запознале во родниот град, се вериле во јануари 2020 година.

Мислам дека сите ние што имаме жена и деца треба да бидеме среќни со луѓето што ги имаме до нас“, изјавил Никола Јокиќ за Arena Sport во јануари 2023 година и додал: „Кога имаш нормален живот, тоа те крева и само ти помага“.

Во септември 2021 година, Никола и Наталија ја добија Огњена. Во јануари 2022 година, Наталија сподели фотографија на социјалната мрежа Инстаграм од нешто што изгледаше како бебешка бања и напиша: „Ти благодарам, 2021 година, ти си мојата омилена досега“.

На натпреварите на Никола Јокиќ редовно доаѓаат Наталија и Огњена. Откако Денвер Нагетс ги победи Феникс Санс во мај 2023 година, камерите ги фатија Никола Јокиќ и неговата ќерка како споделуваат сладок момент.

Се чинеше дека Огњена, која беше на трибините со својата мајка и го носеше дресот со број 15 на татко и, направи гест со прстите што го повтори нејзиниот татко на теренот.

Во интервју од 2017 година, Никола Јокиќ изјави дека откако ќе се повлече од кошарката, сака да се врати да живее во родниот Сомбор.

Откако ќе ја завршам кариерата, ќе се вратам таму“, изјавил тогаш тој и додал: „Таму животот е бавен, не се случува многу, но имаш се. Природата е прекрасна и можете мирно да живеете надвор од градот. Сакам места каде што можам да возам автомобил без навигација. Сакам да кажам дека секаде е убаво, но дома е најубаво“.

животљубовНаталија ЈокиќНБАНикола ЈокиќсемејствоСрбија