Фудбалерите на Барселона не можеа да ја прослават титулата на теренот на својот голем ривал.
Фудбалерите на Барселона ја освоија титулата прв пат по 2019 година, откако во неделата вечерта го добија градското дерби против Еспањол со резлутат од 4:2. Двојниот стрелец Роберт Левандовски и Алехандро Балде и Жил Кунде ја „заверија“ првата титула на Каталонците по заминувањето на Лионел Меси во ПСЖ, но не можеа да ја прослават на теренот на стадионот „Корнелија-Ел Прат“, затоа што навивачите на Еспањол втрчаа на теренот и почнаа да ги бркаат играчите на Барселона. Кога ги здогледаа, новите шампиони на Примера истрчаа во соблекувалната, каде го продолжиле славјето. Погледнете ја оваа ситуација:
Барселона повеќе од доминантно ја освои 27-та титула во клупската историја и имаше неколку апсолутни лидери во првенството кога се во прашање индивидуалните настапи. Напаѓачот Роберт Левандовски лани долго се бореше да се пресели на „Ноу Камп“ и тој сон го оствари со дури 21 гол, поради што моментално е најдобар стрелец во Примера, пред Карим Бензема, кој има постигнато 17 голови.