ВИДЕО | Владимир Путин за прв пат по ‘бунтот’ се појави на телевизија и испрати застрашувачка порака до Украина – погледнете!

Претседателот на Русија, Владимир Путин, се појави на државната телевизија за да ја повтори својата посветеност на т.н. „специјална воена операција“ во Украина.

Во својот телевизиски настап, Владимир Путин им даде поддршка на руските одбранбени претставници и највисоките воени сили. Тој кажа дека е во постојан контакт со претставниците на Министерството за одбрана и дека е убеден во спроведувањето на сите планови поврзани со „специјалната воена операција“.

Тоа е негово прво појавување на телевизија откако вчера вооружениот бунт се закани да го собори неговиот режим.

Тој зборуваше за неговата посветеност на војната во Украина, нарекувајќи ја „специјалната воена операција“ свој главен приоритет.

Вака го започнувам и завршувам денот“, рекол Владимир Путин, пренесува медиумската агенција Reuters.

Владимир ПутинвојнаРусијаУкраина