Претседателот на Русија, Владимир Путин, му нареди на Министерството за одбрана да подготви одговор за „терористичкиот напад“ врз „режимот“ во Киев поради нападот мостот на полуостровот Крим.
„На мостот вечерва е извршен уште еден чин на тероризам. Беа убиени цивили. Дете е рането и останало без родители. Семејството замина на Крим“, рекол Владимир Путин.
Претседателот на државата нагласил дека ќе се разјаснат сите околности за нападот на мостот.
„Ова е бесмислена воена цел, која нема никакво значење, бидејќи мостот на Крим долго време не се користи за воен транспорт. И сурово затоа што невини цивили беа ранети и убиени. Русија ќе одговори на овој терористички напад. Министерството за одбрана веќе подготвува релевантни предлози“, нагласил рускиот претседател.
Владимир Путин истакнал дека „добрата вест“ е што столбовите на мостот не се оштетени.
Тој рекол и дека чека конкретни предлози за подобрување на безбедноста на мостот на Крим бидејќи тоа е веќе „втор терористички напад“ на стратешки важен транспортен објект.
Националниот комитет за борба против тероризмот соопшти дека Киев извршил терористички напад на мостот на Крим во понеделникот во 3 часот по полноќ со помош на две подводни беспилотни дронови. Оштетена е компонентата на коловозот на мостот, две возрасни лица загинаа, а едно дете е повредено.