Водителката се расплака во програмата во живо додека тренерот Јилмаз Вурал зборуваше за смртта на голманот на турската Малатијаспор, Ахмет Ејуп Туркаслан, кој имаше 28 години.
Таа ги свитка рацете и ги притисна на лицето, а потоа ги извади очилата. Освен водителката, солзите не можеше да ги задржи ниту тренерот.
Потрагата по фудбалерот траеше долго, дури и претседателот на клубот изјави дека се уште има надеж, но сето тоа заврши со трагичен крај.
„Нашиот голман Ахмет Ејуп Туркаслан го загуби животот при уривање што се случи со земјотресот. Почивај во мир. Нема да те заборавиме убава личност“, соопшти турскиот второлигаш.