На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео од група војници кои се кријат од гранати меѓу загинатите соборци на фронтот во Украина.
На видеото можете да видите неколку припадници на вооружените сили на Украина кои побарале засолниште од артилерискиот оган на непријателот во ров (дупка) исполнет со телата на нивните паднати соборци.
На ужасното видео од линијата на фронтот можете да видите зелени тела во фаза на распаѓање и војници кои видно се плашат за своите животи. Еден од нив нервозно се поздравува со своите најблиски.
„Мајко те сакам“, се слуша како вели едниот војник, додека другиот војник додава дека цел ден биле во прифатилиштето.
„Силно не притискаат“, се слуша како еден од војниците вели на видеото.
Може да слушнете и ракети како паѓаат околу нив цело време за време на видеото кое се појави на Интернет.
Засега не се знае точно каде е направена видео-снимката.
За потсетување, на социјалните мрежи неодамна се појави видео на кое се гледа моментот кога наводно биле убиени повеќе од 200 руски војници кога на нивната позиција паднале неколку проектили испукани од припадници на вооружените сили на Украина. Медиумите неофицијално јавуваат дека пет американски ракети HIMARS паднале врз руски единици кои биле собрани на плажата на црноморскиот остров Јарилхач.