Израелскиот дипломат кој во петокот беше избоден со нож во Кина е хоспитализиран и е во стабилна состојба.
Дипломатот, кој работи во израелската амбасада во Пекинг, бил нападнат на сред улица, а се уште не е познато дали инцидентот има врска со тероризам.
На видеото од нападот се гледа како двајца мажи се борат на земја додека едниот го прободува другиот неколку пати по телото. Жртвата на крајот бега оставајќи трага од крв зад себе, по што напаѓачот ги зема неговите работи и го напушта местото на нападот, а видео-снимката од овој момент можете да ја погледнете ОВДЕ.
Министерството за надворешни работи на Израел го потврди нападот и соопшти дека дипломатот бил пренесен во болница на лекување и дека е во стабилна состојба.
Нападот се случи откако милитантите на Хамас убија повеќе од 1.300 луѓе во Израел и зедоа околу 150 заложници.
Хамас потоа во петок ги повика ги приврзаниците во Израел и ширум светот да ги нападнат Израелците и Евреите како одговор на израелската воена операција во Појасот Газа.