Кога 3-годишната Луз Маида среде ноќ ја разбудила нејзината мајка и ја турнала во прегратките на непознат маж, не можела да разбере што се случува и каде оди.
Вистината всушност е речиси премногу ужасна за некој да може да ја сфати, бидејќи девојчето било продадено од нејзината мајка на нејзиниот дечко-дилер во замена за дрога (крек) во вредност од 10 фунти.
Морничавата видео-снимка од надзорните камери покажува како малата Луз била однесена од момчето на нејзината мајка Аурелиа Салинас (42 г.) во раните утрински часови во петокот во градот Педро Хуан Кабаљеро, Парагвај, а потоа била силувана и убиена. Нешто повеќе од 24 часа подоцна, крвавото тело на девојчето го пронашле преплашените соседи во напуштена куќа.
Луз, која често имала желба да биде во син фустан на кој биле испечатени знаците од цртаниот-филм „Frozen“, нејзината мајка ја продала за 10 фунти дрога.
Грозоморни видео-снимки од надзорот покажуваат дека Луз се обидува да избега од канџите на момчето на нејзината мајка додека тој ја носи надвор од нејзиниот дом. Додека се спушта по калливиот пат, човекот ја носи Луз во едната рака и се чини дека ја удира со слободна рака за да ја спречи да не плака и крева врева.
Првичните информации укажуваат дека таа се задушила откако била силувана. Нејзиното ситно тело било пронајдено завиткано во кошула на врвот на креветот во напуштена куќа.
Гневните локални жители, наводно, се обиделе да ја линчуваат мајката во моментот на нејзиното апсење, откако таа наводно ја признала на полицијата нејзината вмешаност во убиството на нејзината ќерка.
Нејзиното момче подоцна го признало убиството, објавија тамошните медиуми.
Мајката првично и кажала на полицијата дека Луз исчезнала додека спиела, но подоцна признала дека ја продавала ќерка си за дрога откако полицијата ги открила видео-снимките од надзорот.
Уапсени се и мајката и нејзиното момче, заедно со 17-годишник кој исто така наводно бил вмешан во случајот. Според полицијата, мајката била под дејство на дрога и изгледала рамнодушно додека полицијата ја барала нејзината ќерка.
На погребот на Луз присуствувале повеќе од 300 локални жители, а некои соседи подоцна ја запалиле куќата во која било пронајдено нејзиното тело.
Инспекторите кажале дека семејството имало „историја на трагедија“ и мајката имала уште седум деца, вклучително и 12-годишно девојче кое било сексуално нападнато од 30-годишен маж откако нејзината мајка го дозволила тоа. И двата случаи моментално се под истрага.