Најмалку 100 лица загинаа во две експлозии во близина на гробницата на иранскиот генерал Касем Сулејмани на четвртата годишнина од неговиот атентат од страна на САД, соопштија иранските државни медиуми.
Државната телевизија на Иран соопшти дека уште 171 лице биле ранети кога експлозии одекнале поворка во близина на џамијата „Сахеб ал-Заман“ во јужниот град Керман.
Заменик-гувернерот на Керман изјави дека се работи за – „терористички напад“.
На социјалните мрежи се појавија и првите видеа и фотографии од местото на несреќата, за кои ве предупредуваме дека се доста ВОЗНЕМИРУВАЧКИ.
Многу луѓе се повредени, а жртвите се носат на носилки. Распарчените тела лежат на улиците.
САД спроведоа операција за елиминирање на командантот на специјалните сили на Иранската Револуционерна Гарда (Армија), Касем Сулејмани и заменикот на ирачката шиитска милиција Абу Махди ал-Мухандис, кого официјален Вашингтон го сметаше за одговорен за нападот на американската амбасада во Багдад на 31. декември 2019 година.