ВИДЕО | “ВО СКОПЈЕ ПЛАТИВ ПОВЕЌЕ ЗА ТАКСИ ОТКОЛКУ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС!“ – Девојка од САД ја посетила Македонија и останала во целосен шок: “Ова е премногу! Луѓето постојано ми приоѓаа…“

Девојка по име Лена – активна корисничка на социјалната мрежа Тик Ток од САД, која објавува свои патувања и искуства од различни земји, се пожали од Македонија како најлошата европска земја што ја посетила.

Таа вели дека најлошото искуство го имала во главниот град Скопје и им препорачува на своите следбеници да посетат друг дел од Македонија доколку планираат да патуваат кај нас.

Луѓето викаа по мене на улица и постојано ми приоѓаа. Мислам дека тоа е навистина премногу“, вели таа во своето видео објавено на Тик Ток.

@sowonthego

Replying to @Asma I will say that it was beautiful but being Black and a solo woman felt like a lethal combination and I was just so uncomfortable #travel #traveltok #solotravel #solofemaletraveler #blackgirltiktok #blacktravel #blackwomentravel #blacktravelfeed #blacksolotravel #bipoctravel #woctravel #skopje #macedonia #northmacedonia

♬ original sound – Lena | Travel Creator

Таа вели дека забележала многу нелегални такси возила кои и направиле да се чувствува небезбедно. Најголем проблем при обидот да се најдат подобри такси услуги, додава таа, бил фактот што не го знае македонскиот јазик.

Навикната сум да ми наплатуваат повеќе затоа што сум турист, но лудо е што возењата се поскапи отколку во мојот роден град, Лос Анџелес“, се пожалила таа.

Затоа таа ги предупреди сите да го прескокнат Скопје и наместо градот да го посетат Охридското Езеро, кое го опиша како убаво.

Слушнав од други жени дека имале слични искуства, затоа избегнувајте го Скопје. Никогаш нема да се вратам таму“, заклучила таа.

МакедонијаОхридСкопјеТик Ток