Видео-снимка од арогантен возач кој го „гази“ својот автомобил со брзина дури и поголема од 300 километри на час наиде на бројни осуди и повици до надлежните да реагираат и да го пронајдат на социјалните мрежи во соседна Србија.
Возачот не само што вози, како што можете да видите на видеото со 304 километри на час, туку тоа го прави со едната рака додека со другата снима.