Српскиот кошаркар Никола Јокиќ претходната вечер одигра маестрална партија и покрај повредата. Тој забележа 35 поени, 14 скока и 12 асистенции за победата на Денвер Нагетс против Њу Орлеанс Пеликанс (134:116), а воедно влезе во историјата на НБА лигата, откако стигна до 108. трипл-дабл во кариерата и сега го држи четвртото место на вечната листа!
Сепак, тој не се грижеше за тоа во текот на натпреварот, бидејќи, според неговите зборови, сакал само неговиот тим да направи пресврт против Њу Орлеанс Пеликансите, кои во еден момент водеа со 20 поени разлика, но кон средината на третата четвртина Денвер Нагетс притисна на педалот за „гас“ и успеа да направи пресврт каков што ретко се гледа.
И не само што Никола Јокиќ во тој момент беше лидер на „оркестарот“, туку почна да импровизира и изведува потези какви што досега не сме виделе од него, а ретко и од кој било друг играч.
Така во еден момент играше со грб против Јонас Валанчиунас, еден од најсилните играчи во НБА, па успеа да го сврти и да го нападне кошот, а потоа да ја смени шутерската рака во воздух (!?).
Од десно, па на лево, па во кош – како Мајкл Џордан во финалето на НБА против Лос Анџелес Лејкерс во 1991 година. Погледнете го овој маестрален потег на Никола Јокиќ во видеото ОВДЕ.