Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, преку социјалните мрежи испрати остра порака до Европската унија која сигурно ќе одекне низ ходниците во Брисел.
„Еве ме во Брисел, каде што треба да започне премиерскиот самит. Сите овде поставуваат само едно прашање. Каде се парите ? Со оглед на тоа што Европската комисија презентираше амандмани на буџетот, барајќи од земјите-членки да платат неколку стотици милијарди евра повеќе, се поставува прашањето: Како дојде до оваа ситуација ? Како Европската унија дојде до работ на банкрот ?“, прашува Виктор Орбан во видео-објавата на социјалната мрежа Твитер.
Премиерот на Унгарија посочи и дека сака да побара од земјите членки 50 милијарди евра за Украина.
„Од нас бараат повеќе пари за миграција, но не за зајакнување на границите, туку за внесување мигранти. Не заборавија ниту на себе. Бараат милијарди евра за покривање на зголемувањето на платите на бирократите во Брисел“, вели меѓу другото унгарскиот премиер.
За дополнително да ја зачини пораката, Виктор Орбан објави познат ‘мим’ (meme) за ова прашање со Џон Траволта, што предизвика лавина реакции.