Два дена Македонија е обвиена во црно по информациите за грозоморното убиство на младата Вања Ѓорчевска – случај што ја потресе не само нашата држава туку и целиот регион.
Со денови сме сведоци на разни шпекулации и теории на заговор на социјалните мрежи за бруталното убиство на 14-годишната девојка. Се објавуваат разни не проверени и не точни информации, а луѓето гневно бараат дополнителен одговор од институциите за бегството на првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски – Палчо.
Вечерва, ексклузивно за македонската јавност, со почеток од 22:30 часот на Јутјуб каналот на новинарот и автор на емисијата „Во Центар“, Васко Ефтов, ќе бидат објавени досега непознати информации за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска како и за бегството на Љупчо Палевски од Македонија.
Како вовед за вечерашната емисија ви откриваме каде се криел Љупчо Палевски по грозоморното убиство на 14-годишната девојка. Станува збор за еден мизарен објект, еден хостел каде ноќевањето чини околу 20 евра (1.200 денари). Во таков мизарен хостел се криел Палчо, кој излезе од Македонија на 30. ноември (четврток) кога во Скопје се одржуваше Министерскиот состанок на ОБСЕ. Подоцна од Белград со автомобил марка „Range Rover“ („Ренџ Ровер“) во бела боја има заминато на територијата на Република Турција.
На 27. ноември (понеделник) Македонија остана во шок по веста за исчезнувањето на малата Вања Ѓорчевска. Според досега достапните информации, таа е киднапирана од влезот во нејзината зграда, а она што ние екслузивно ви го откриваме е тоа дека киднаперите на 14-годишната девојка претходната вечер, пред киднапирањето спиеле во седиштето на партијата на Љупчо Палевски.
Киднаперите имаат две возила, во едното се наоѓаат киднаперите кои влегуваат во влезот на зградата на Вања Ѓорчевска, ја совладуваат и и стават салотејп на устата, ја вадат сим-картичката од нејзиниот телефон за да не може нејзината мајка да ја лоцира преку апликација на Google. По туркањето во гепек на малото девојче, тие излегуваат надвор од Скопје и на безбедна дестинација Љупчо Палевски – Палчо од вториот автомобил се преместува во автомобилот марка „Citroen“ („Цитроен“) и почнува да го вози.
За повеќе досега необјавени екслузивни детали, што се случувало за време на убиството и киднапирањето на Вања Ѓорчевска, како побегнал Љупчо Палевски и многу друго, гледајте вечер со почеток од 22:30 часот вонредна и екслузивна анализа на Јутјуб каналот Васко Ефтов (Vasko Eftov).